свет, Коронавирус

Ковид-19 во Италија: За 24 часа починаа уште 60 заразени, регистрирани се 178 новозаразени

- Цивилната заштита на Италија го соопшти дневниот преглед на епидемиолошката слика во земјата, наведувајќи дека со Ковид-19 се заразени 41.367 лица, што е за 708 случаи помалку во однос на вчерашните податоци.

Barış Seçkin  | 01.06.2020 - Обновена : 02.06.2020
Ковид-19 во Италија: За 24 часа починаа уште 60 заразени, регистрирани се 178 новозаразени

РИМ

Од последиците на заразувањето со Ковид-19 во Италија во последните 24 часа починаа уште 60 заразени лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во таа земја е зголемен на 33.475, јавува Агенција Анадолија (АА).

Цивилната заштита на Италија го соопшти дневниот преглед на епидемиолошката слика во земјата, наведувајќи дека со Ковид-19 се заразени 41.367 лица, што е за 708 случаи помалку во однос на вчерашните податоци.

Од почетокот на пандемијата во Италија се заразени вкупно 233.197 лица, вклучувајќи и 178 случаи регистрирани во изминатите 24 часа. Тоа е најмал број на новозаразени во еден ден уште од 26 февруари.

До сега во Италија од Ковид-19 се излекуваа 33.475 лица.

Властите на Италија планираат границите со членките на ЕУ да ги отворат во среда, а тој план го критикуваа неколку европски земји, вклучувајќи ја Германија и Австрија, додека зелено светло со одредени услови дадоа владата на Франција, Шпанија и Хрватска.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın