Sibel Uğurlu
14 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
КАРАКАС (АА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да ѝ се заканува на Венецуела со воена интервенција и ги повика сите нации да се солидализираат со неговата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за новинарите во претседателската палата Мирафлорес во Каракас, Мадуро се осврна на претходните коментари на Трамп кои сигнализираат дека воената интервенција претставува опција, откако Вашингтон го призна опозицискиот лидер Хуан Хваидо како привремен претседател на земјата.
„Денес американскиот претседател ѝ се закануваше на Венецуела со воена интервенција. Сакам сите земји на светот да се солидаризираат со Венецуела“, изјави Мадуро.
„Не сме ничии робови, просјаци и слуги. Ние сме слободни мажи и жени. Честа која ја поседуваме длабоко во себе е наша најголема мотивација и задоволство“, порача Мадуро, укажувајќи на „историското херојство“ на венецуелскиот народ кој се противи на американскиот обид за заземање на контрола над Венецуела.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ќе ги разгледа сите опции поврзани со решавањето на ситуацијата во Венецуела, но не зборуваше за воена интервенција.
Тој ги даде неговите забелешки во момент на продолжување на големиот економски и политички притисок на САД, со кој сакаат да се принуди венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ја препушти власта на Хуан Гваидо, лидерот на Народното собрание кој на 23 јануари се самопрогласи за привремен претседател.
САД, Канада, поголемиот дел од земјите на Латинска Америка и 20-ина европски држави пружија поддршка на Гваидо. Меѓутоа, Мадуро ги одби повиците да се повлече, нагласувајќи дека Вашингтон организира државен удар. Од друга страна, Кина, Иран, Русија и Турција пружија поддршка на Мадуро.
Вчера демократот Елиот Енгел, претседателот на Одборот за надворешна политика на Претставничкиот дом, ја отфрли можноста за каква било поддршка на воена интервенција во Венецуела и ја критикуваше најавата на Трамп за таквата опција.
„Се грижам за заканата на претседателот за воена сила, неговите најавувања дека американската воена интервенција останува опција. Сакам да им дадам до знаење на нашите сведоци и на сите други што гледаат: американската воена интервенција не е опција“, рече конгресменот.