Safvan Allahverdi
14 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Првата покриена муслиманка избрана во американскиот Конгрес, Илхан Омар, остро го критикуваше специјалениот претставник на Соединетите Американските Држави (САД) во Венецуела, Елиот Абрамс, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратеникот Абрамс во Конгресот поднесе извештај за ситуацијата во Венецуела, а конгресменката Омар го обвини за директно мешање во кризата и војните во Јужна Америка.
Омар изјави дека Абрамс е дипломат кој е познат по блиската соработка со радикално десничарските влади во земјите на Јужна Америка и по директното вмешување во граѓанските војни и кризи во тој регион.
Таа потсети дека токму Абрамс раководел со продажбата на оружје на бунтовниците во Никарагва во 1980-тите години.
Омар, исто така изјави дека Абрамс и за време на Студената војна водел провоена политика, а го обвини и дека во извештајот за ситуацијата во Венецуела изнел голем број лаги.
„Просто не можам да сфатам како овој Дом и народот на Америка можат да поверуваат на извештај на таков човек“, изјави Омар.
Абрамс со „извонреден успех“ ја оцени интервенцијата на САД во Ел Салвадор, кога администрацијата на поранешниот претседател на САД, Роналд Реган, ја поддржа десницата во судирите во кои се убиени 75.000 лица.
Омар остро реагираше и на оваа констатација на Абрамс и му постави прашање дали за извонреден успех го смета масакрот извршен под американски надзор.
Абрамс на тоа изјави дека конгресменката Омар го напаѓа него лично и дека нејзините прашања се одвратни.