Lokman İlhan
18 Март 2019•Ажурирај: 20 Март 2019
Венецуела ја доживува најсериозната политичка криза во својата историја. Претседателот Николас Мадуро, кој повеќе од 2 месеци не може да здивне од притисокот на опозицијата поддржана од Соединетите Американски Држави (САД), се подготвува да изврши коренски измени во својот кабинет, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-претседателот на Венецуела, Делси Родригез, соопшти дека претседателот Мадуро од сите министри побарал да бидат подготвени да се откажат од своите должности.
Родригез на социјалните мрежи објави: „Претседателот Мадуро го повика целиот кабинет да биде подготвен да ги напушти своите должности, со цел спроведување коренски измени“.