Admir Fazlagic
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) – По средбата со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Република Словенија,Борут Пахор и претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ се состанаа со лидрерите на политичките партии во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата со претседателите на Хрватска и Словенија, идерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека одлуката на претседателот Иванов за амнестирање на сите политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој издржува затворска казна e избрзана одлука и нема да и помогне на земјата да ја надмине оваа политичка криза во која се наоѓа.
“Мислам дека господин Иванов избрза со оваа решение, не размислувал. Како една одлука од т.н. нелегитимен претседател, кој нема легитимет, оваа одлука нема легитимитет кај нас и не мислам дека оваа одлука ќе помогне за излез од кризата” , изјави Ахмети.
Претседателот на ДУИ Ахмети, ова го изјави по средбата со претседателите на Хрватска и Словенија, и како што рече овие претседатели изразија загриженост во врска со одлуката на претседателот Иванов. Тој додаде дека единствен начин за излез од политичката криза се предвремени парламентарни избори и апелираше да се почитува датумот за изборите.
“Нашата земја треба што поскоро да ја надмине оваа криза. Единствено решение за оваа криза се изборите на пети јуни, бидејќи не гледаме подобра алтернатива, бараме меѓународната заедница да ја потсети опозицијата да учествува на изборите бидејќи ова е важно за земјата”, додаде Ахмети.
По средбата со претседателите на Хрватска и Словенија, во изјава за медиумите претседателот на ДПА, Мендух Тачи рече дека голема чест за чест за Албанците, за ДПА и за него претставува средбата со двајца важни претседатели на земјите од регионот, кои што се членки во ЕУ и НАТО.
,,Разговаравме за внатрешна политича ситуација во земјата, за сите процеси ,како и за бегалската криза. Како држави кои ги познаваат работите кај нас, тие се загрижени за политичката криза во Македонија”, изјави Тачи, кој рече дека се додека Македнија не ги исполни колективните права на Албанците, додека не ги нормира, уставно правниот поредок “Македонија ќе функционира овака”.
Претседателот на Социјал демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев по состанокот со Китаровиќ и Пахор рече дека се работи за важна посета од страна на претседатели на пријателски земји на Македонија.
“Од овие луѓе коишто ја посетија Македонија можеме да очекуваме помош. Се надевам како членки на ЕУ ќе продожат и во овие тешки моменти да и помагаат на Македонија”, изјави Заев.
Посетата на хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ и претседателот на Словенија Пахор продолжува и утре, каде е предвидено да го посетат бегалскиот прифатен центар Винојуг во Гевгелија.