Admir Fazlagikj
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) – Со 72 гласа за, еден против и 6 воздржани Собранието на РМ изгласа распуштање на Собранието, додека одликата стапува во сила на 24 фебвруари, 60 дена пред одржување на вонредните парламентарни избори, јавува Аnadolu Аgency (AA).
Како што одлучи парламентарното мнозинство, кое во образложението наведе дека истото е во согласност со политичкиот договор од јуни.
Пред да се случи гласањето Собранието ја констатираше оставката на премиерот Никола Груевски, која тој ја депонираше до претседателот на Собранието неколку дена претходно.
Веднаш по оваа одлука, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, му го врачи мандатот на Емил Димитриев, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Новиот мандатар во 22 часот ќе се појави на новата закажана седница, кадешто треба да го презентира членовите на кабинетот заедно со владината прогама за која ќе треба да се изјаснат пратениците.