Meltem Öztürk
21 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Одлуката на Владата на Турција за воведување на вонредна состојба која е објавена во Службениот весник е упатена до Претседатеството на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ), јавува Anadolu Agency (AA).
Советот за национална безбедност на Турција (МГК) на вчерашната вонредна седница во Анкара ја усвои предлог одлуката за прогласување на вонредна состојба во таа земја која недолго потоа е разгледан и усвоен на седницата на владата. Одлуката за прогласување на вонредна состојба ја објави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
За оваа одлука денес ќе се дискутира на Генералниот совет на ТБММ.