Hatice Kesgin
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
САРАЕВО (АА) - Турскиот Кабинет утре ќе расправа за одлуката на германскиот парламент за етикетирање на смртта на османлиските Ерменци во 1915 година како „геноцид”, истакна денес заменикот премиер Нуман Куртулмуш, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува министрите да се состанат утре, за прв пат по донесувањето на резолуцијата на германскиот Бундестаг во четвртокот.
„Одлуката на германскиот парламент е безначајна за нас”, истакна Куртулмуш при посетата на турската амбасада во Сараево. „Сепак, турскиот Кабинет ќе дискутира во однос на одлуката”, истакна тој.
Тој додаде: „Ние дури и не можеме да сфатиме зошто германскиот парламент прифати ваков вид на емпатија и ваква бесцелна одлука”.