Diyar Güldoğan
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турските воздухопловни сили изведоа серија напади врз позиции на ПКК во југоисточна Турција и северен Ирак, соопштија денес безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Во воздушните напади, кои се изведени вчера, опфатени се дистриктот Јуксекова, покраината Хакари и дистриктот Лиџе во покраината Дијарбакир, соопштуваат извори кои сакаат да останат анонимни.
Турските авиони ги бомбардираа базите на ПКК во областите Авасин, Кандил и Гара во северен Ирак. Не се дадени одредени конкретни информации за уништените мети.
Изворот додаде дека во петокот, во воздушни напади неутрализирани се 20 терористи на ПКК во покраината Хакари, која е сместена во крајниот југоисток на Турција, и се граничи со Ирак и Иран.
Во соседната покраина Ширнак, еден терорист на ПКК е убиен во борбите доцна синоќа.
ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата 30-годишна вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.