Burcu Arik
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку петмина припадници на терористичката организација ПКК се убиени во антитерористичка операција на турските безбедносни сили во источната турска област Ван, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека турските сили продолжуваат со спроведување на антитерористички операции во источните и југоисточните области Ван, Тунџели, Сирт, Хакќари, Ширнак и Дијарбакир.
Во текот на операцијата се запленети поголеми количини оружје, експлозиви и артилериски проектили.
Најмалку петмина терористи на ПКК се убиени во областа Ван, кога отвориле оган врз полициските сили, кои одговорија со оган. Еден терорист на ПКК ѝ се предаде на турската полиција во Дијарбакир.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и Европската Унија. Станува збор за организација која повеќе од три децении спроведува воена кампања против Турција, а таа кампања е интензивирана во јули 2015 година.
Досега, во тие напади загинаа над 1.200 лица, вклучувајќи и припадници на турските безбедносни сили како и цивили.
Од друга страна, неутрализирани се над 10.000 терористи, меѓу кои речиси 7.000 се убиени, а повеќе од 3.000 се уапсени.