Satuk Buğra Kutlugün
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Анкара е сериозно загрижена од фотографиите на американски војници кои присуствуваат на погребите на терористите на ЈПГ во пресрет на турските воздушни напади врз цели на ПКК/ЈПГ во Сирија и во северен Ирак, истакна денес турскиот претседател Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние сме сериозно загрижени што видовме американски знамиња на конвој во кој има остатоци од ознаки на ЈПГ. Ќе ги споменеме овие прашања пред претседателот (Доналд Трамп) за време на нашата посета на САД на 16 мај“, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган пред новинарите на аеродромот Ататурк во Истанбул, пред неговото заминување во дводневна посета на Индија.
Ердоган беше запрашан во врска со фотографиите што покажуваат американски војници кои патролираат долж турската граница и присуствуваат на погреби на терористите ЈПГ.
„Ако сме против глобалниот тероризам, тогаш треба да им кажеме (на САД) во врска со овие прашања. Ако ние не работиме заедно против тероризмот, тогаш утре ќе погоди друг сојузник“, додаде тој.
Турскиот претседател Ердоган исто така рече дека Турција ќе ги продолжи операциите против терористичката ПКК и против нејзините сириски ограноци ПЈД и ЈПГ - вооруженото крило на ПЈД, слични на нападите на почетокот од оваа недела на планината Синџар во Ирак и на сириската планина планина Карачок.
„Ние можеме да дојдеме одеднаш, во текот на ноќта“, повтори Ердоган.
Четириесет терористи беа убиени на планината Синџар во Ирак, а други 49 на планината Карачок во Сирија на 25 април во воздушните напади на турските сили изведени против ПКК, ПЈД и ЈПГ.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, а Турција, соодветно на тоа, го смета сирискиот огранок на ПКК, ПЈД, за терористичка група. Меѓутоа, САД ја смета ПЈД за клучен сојузник во борбата против ДЕАШ во Сирија.
Турската армија соопшти дека нападите, за кои локалните власти како и САД и Русија беа известени однапред, се со цел да се спречи ПКК да испраќа терористи, оружје, муниција и експлозив во Турција.