Bekim Laci
29 Јуни 2016•Ажурирај: 29 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Судиите на Уставниот суд на Република Македонија денес повторно не донесоа одлука за уставноста на одлуката за поставување на крст во општина Бутел во Скопје. Иницијативата за оценување на одлуката на општинскиот совет за ова верско обележје е поднесена во март месец од страна на претседателот на Движењето за реформи- ДПА, истовремено и градоначалникот на Струга, според кој одлуката за поставување на крстот ги крши уставните одредби и основните човекови права, и дека не е во согласност со принципот на Бадинтер, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Судот велат дека исходот од денешното гласање дојде како резултат на изедачениот број гласови на судиите кои присуствуваа на седницата, од вкупно осум, од кои четири гласа беа одууката да биде прогласена за неуставна, а четворица сметаа дека иницијативата на Селa треба да биде одбиена.
На дебатата, судиите Наташа Габер, Исмаил Дарлишта, Сали Мурати и Гзиме Старова, застанаа во одбрана на ставот дека ставањето на крстот во Бутел е неуставно.
Судијата Наташа Габер во својот говор рече дека одлуката за изградба на крстот е прекршување на член 19, став 3, па дури и со елементи на дискриминација врз основа на верска припадност.
Во однос на Законот за локална самоуправа, Габер рече дека тоа е манипулирање со предлогот за подигнување крстот, бидејќи образложението на општината е дека се поставува „урбана опрема", во која категорија не спаѓа овој верски симбол, кој е во контекст на идентитетот и културата.
„Според законот за изградба која датира од 2009 година, со дефинирање на „урбана опрема" вклучува објекти за продажба на билети за градски превоз, сувенири, цвеќиња, сладолед, тоалети, фонтани... Каде го гледате на крстот како симбол, кој може да се третира како "урбана опрема" .
Резултатот од денешното гласање допринесе Уставниот суд следната недела да го преиспита предлогот.
Предходно, судијата одржа две неуспешни седници за да се одлучува за уставноста на одлуката на општина Бутел.Во февруари, општина Бутел ја одобри одлуката за изградба на 55-метарски крст на влезот во општината од правец на општина Чаир. Како што кажаа од општината тогаш, предлогот бил даден од страна на Светскиот македонски конгрес (СМК).
Оваа одлука резултираше со протести организирани од страна на владејачката албанска партија, Демократска унија за интеграција (ДУИ), со образложение дека таквата одлука ќе ги наруши меѓуверските и меѓуетничките односи, со голем потенцијал да се создаде постојан конфликт помеѓу граѓаните.
На моменти протестите беа исклучително тензични, а завршија со демолирањето на постаментот на кој требаше да биде поставен крстот.