Mümin Altaş,İlhan Toprak
30 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
АНКАРА (AA) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим во среда во Анкара во официјална посета го прими премиерот на Албанија Еди Рама, со кој разговараше за јакнењето на билатералните односи, но и за последните случувања во врска со терористичкиот напад на Меѓународниот аеродром Ататурк во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим по состанокот со Рама на конференцијата за медиумите изјави дека терористичкиот напад во Истанбул уште еднаш покажа дека целта на терористите е да ги убиваат луѓето во своето окружување.
„Уште еднаш видовме дека е од животно значење за иднината и безбедноста на сите земји во светот, сите облици на тероризмот, без оглед дали тоа е ДАЕШ, ПКК, или некои други организации, не се гледаат на различни начини. Нема добри, ниту лоши. Единствена цел на терористичките организации е да убиваат и да извршуваат наредби на налогодавачите", рече Јилдирим.
Истакна дека турските власти ќе го зголемат присуството на специјално обучените безбедносни тимови на влезовите во аеродромот.
„Овој напад ни покажа дека не е доволна само физичката контрола на аеродромот, ниту "X-ray" детекторите. Вероватно е потребно да се воведат дополнителни мерки против можни вооружени напади надвор од аеродромот. Затоа ќе го зголемиме присуството на специјално обучените безбедносни тимови на влезот во аеродром", рече Јилдирим.
Напомена дека уште трае истрагата за да се утврди кој стои зад последниот напад во Истанбул, додавајќи дека досегашните докази упатуваат на ДАЕШ.
Исто така изрази благодарност до Рама на пораките на солидарност и сочуство по терористичкиот напад.
„Не радува дека албанскиот народ секогаш бил со нас, во среќните но и во тажните моменти", истакна Јилдирим, додавајќи дека Турција и Албанија имаат многу блиски односи во бројни области.
Нагласи исто така дека во текот на досегашниот состанок со Рама разговараше и за јакнењето на билатералната соработка, но и интензивирање на трговските односи помеѓу двете земји.
Потсети дека во таа прилика во Албанија веќе работи значителен број на турски компании.
Рама изјави дека варварите и терористите никогаш не смеат да бидат пречка за луѓето во светот да живеат во слога и мир.
„Варварите кои се обидуваат да ги спречат различностите, кои светот го чинат поднослив, не смеат да бидат пречка за заедничко делување", рече Рама.
Додаде дека терористите не смеат да бидат пречка кон напредокот и развојот на Турција.
„Овој пат мета беа луѓето кои во светиот месец му се посветија на мирот и на молитвите. Оние кои Турција денес ја завија во црно не смеат да бидат пречка во нејзиниот напредок", рече Рама.
На крајот истакна дека на денешниот состанок со премиерот на Турција разговарал и за дополнително продлабочување на соработката помеѓу двете земји, посебно во областа на трговијата, културата и образованието.