Emin Avundukluoğlu
01 Јули 2016•Ажурирај: 01 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Турција и Русија треба да гледаат напред и да учат од лекциите од минатото, изјави Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за надворешни работи во текст објавен денес во руските весници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашето мислење е дека турската и руската нација од нас очекуваат да гледаме напред, земајќи лекции од претходните искуства. Нашите искрени желби се дека треба да ги исполниме сите очекувања, треба да градиме заедничка иднина и треба да направиме нов почеток ”, изјави Чавушоглу за весникот „Комерсант” оценувајќи ги односите на двете земји.
Изјавата на Чавушоглу дојде откако рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган имаа телефонски разговор во среда и се договорија за нормализација на односите.
Односите помеѓу двете земји се оладени во последните неколку месеци, откако Турција го собори рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор во ноември минатата година.
Рускиот премиер Дмитри Медведев денес изјави дека санкциите ќе бидат укинати во склад со упатствата на претседателот Путин и дека ограничувањата ќе бидат постепено остранувани со цел да се спречи евентуална штета кај руските произведувачи. Додаде дека Русија ќе бара гаранции од турската влада со цел да се обезбедат руските туристи.
Чавушоглу истакна дека односите на Турција и Русија нема да бидат засновани на конкуренција, туку на пријателство и соработка.