Ekipa
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
ВИЕНА (АА) - Австрискиот Уставен суд ги поништи резултатите од вториот круг од претседателските избори на 22 мај, а нови избори би можеле да се одржат во септември или октомври, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во петокот ги прогласи претседателските избори за неважечки, откако десничарската Партија на слободата (FPO) се пожали на нерегуларности.
Австрискатаслободарска партијата (FPO) ги оспорува резултатите од претседателските избори на кои нивниот кандидат Нормбет Хофер тесно изгуби од Александар Ван дер Белен, а на 8 јуни официјално е поднесена жалба до Уставниот суд.
Лидерот на FPO, Хајнц Кристијан Штрахе, на прес-конференција зборуваше за "мноштво неправилности и грешки" кои треба да бидат истражени.
До пребројување на овие гласови, Ван Дер Белен освои речиси 48,9 отсто од гласовите, додека десничарот Норберт Хофер освои 51,9 отсто. Сепак, конечното пребројување на гласовите покажаа дека Ван дер Белен победил на изборите, освојувајќи 50,3 отсто од гласовите, или околу 30.000 гласови повеќе отколку во Хофер.