Ömer Tuğrul Çam
10 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
БРИСЕЛ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со португалскиот премиер Антонио Коста одржана на заедничката прес-конференција. По прашањето за Источниот Медитеран и Турција Столтенберг изјави: „Дали според Вас, санкциите се правилен начин за решавање на проблемот на ЕУ со земја членка на НАТО? Можат ли санкциите да ја направат покомплицирана соработката меѓу ЕУ и НАТО?“, известува Агенција Анадолија (АА).
Опишувајќи ја ситуацијата во Источен Медитеран како „тешка“ и пренесувајќи ја загриженоста што ја изразиле сојузниците, Столтенберг потсети дека за ова прашање се дискутирало и на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што се одржа минатата недела.
Столтенберг, повторувајќи дека НАТО дејствува како платформа за дискусија меѓу сојузниците кога се јавуваат разлики, го рече следното:
„При справување со разликите, потребно е сите да имаат позитивен пристап. За таа цел во НАТО воспоставивме процедури за механизмот околу разединувањата меѓу Турција и Грција. Тука целта е да се спречат несакани инциденти и несреќи меѓу двајцата сојузници, бидејќи постои зголемено воено присуство во Источниот Медитеран. Задоволен сум што Грција и Турција зедоа учество во овој механизам и откажаа некои од вежбите. Се обидувам да го зајакнам и проширам овој механизам, бидејќи треба да ги спречиме инцидентите и несреќите меѓу двајцата сојузници.“
Столтенберг изрази надеж дека на техничкиот состанок меѓу Турција и Грција што се одржа во НАТО, и во исто време, на политичките преговори меѓу двете земји, тие ќе го отворат патот за решавање на главното прашање.
Потенцирајќи дека Турција е важен сојузник на НАТО, Столтенберг, за Турција која има заедничка граница со Ирак и Сирија, рече дека игра важна улога во борбата против терористичката организација ДЕАШ.
Столтенберг истакна дека Турција е земја која е домаќин на најголем број бегалци од Сирија и земја најпогодена од терористички напади.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во продолжение го истакна следното: „Постојат разлики и несогласувања и ние мора да се справиме со нив. Во исто време треба да ја сфатиме реалноста дека Турција е дел од НАТО и западното семејство.“