Besar Ademi
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Советот на Европа (СЕ) и Европската унија (ЕУ) во Скопје беше промовиран проектот "Зајакнување на заштитата на правата на затворениците", кој ќе се реализира за 30 месеци и се очекува да биде завршен до 30 ноември 2018, јавува Anadolu Agency (AA).
Проектот е финансиран од страна на Европската Комисија и Европската Унија во износ од 950 илјади евра како дел од проектот „хоризонтална програма на Европската унија - Европскиот совет за земјите од Западен Балкан и Турција", ќе се спроведува во соработка и партнерство со Министерството за правда, и ќе вклучи поширока група на национални партнери и релевантни засегнати страни.
Македонскиот министер за правда, Валдет Џафери рече дека развојот на затворскиот систем е еден од главните приоритети на Владата на Република Македонија. Тој истакна дека спроведувањето на овој проект ја покажува посветеноста на владата за планираните програми и стратегии за приближување на земјата кон ЕУ.
„Поаѓајќи од нашата посветеност да ги исполниме сите меѓународни стандарди за доведување на Македонија во Европската унија, меѓу другите реформи во сите сфери на општественото живеење, ние сме целосно ангажирани во подобрување на затворскиот систем како целина" изјави Џафери, наведувајќи неколку проекти кои имаат за цел да и помогнат на земјата да го подобри затворскиот систем.
Лукас Холуб од делегацијата на Европската унија, истакна дека затворот е лицето на правосудниот систем на земјата и дека малтретирањето на затворениците е едно од најсериозните кршења на човековите права.Тој посочи дека имаат одредени забелешки во врска со условите во затворите за што рече дека ќе се обидат да ги подобрат.
„Проектот за реконструкција на затворите е во тек, нов тренинг центар е изграден, Управата за извршување на Секции ги подобрува правилата и процедурите, а беше усвоена и нова развојна стратегија, која има солиден план за справување со предизвиците" , рече Холуб.
Проектот има за цел да се обезбеди поддршка на националните власти за надминување на практичните недостатоци и слабостите кои се однесуваат на третманот на затворениците во државата во која се спроведува проектот.