Hasan Tosun,Muhammed Shekh Yusuf
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
ВИЕНА (АА) - Во австриската престолнина Виена денеска започна состанокот на шефовите на дипломатиите со кој претседаваат Италија и САД, а главна тема е изнаоѓање на решение за политичката состојба во Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот учествуваат премиерот на либиската влада за национално единство, Фејаз ал-Сарај, американскиот државен секретар, Џон Кери, шефот на италијанската дипломатија, Паоло Џентилони, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и претставници од 20 други земји.
Цел на средбата е давање поддршка на транзициониот процес и на Владата на национално единство на Либија.
Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, пред состанокот им се обрати на медиумите и соопшти дека денеска ќе се разговара за кризата во Либија, Сирија и Нагорно-Карабах и дека состанокот е организиран со цел да ѝ се даде поддршка на владата на Либија.
Либија е средба на длабока политичка и сигурносна криза од 2011 година, убиството на Муамер ел-Гадафи и уривањето на неговиот режим. Оттогаш постојат паралелни влади со седишта во Триполи и Тобрук, кои имаат одвоени парламенти и вооружени сили.
Кон крајот на минатата година претставниците на двете влади од Либија под покровителство на Обединетите нации потпишаа договор за формирање на Влада на национално единство, со цел надминување на кризата. Планот е заедничката влада да ја преземе власта во земјата и во рок од 12 месеци да се распишат парламентарни избори. Поради продолжувањето на несогласувањата и политичката криза таа влада не можеше во потполност да ја преземе власта и да воспостави политичка стабилност во земјата.
Политичката криза во Либија создаде погодно тло за раѓање на нов проблем во вид на јакнење на терористичката организација ДАЕШ на тоа подрачје па одредени места, како што е Сирт, се веќе под контрола на терористите.