Büşra Selvi Öğütcen
04 Мај 2016•Ажурирај: 04 Мај 2016
КАРАКАС (АА) - Најбараниот нарко бос во Венецуела, Хозе Травор Колина, познат по прекарот Ел Пикуре, е убиен, јавува Anadolu Agency (AA).
Службениците на министерството за внатрешни работи на Венецуела соопштија дека Ел Пикуре, по неколку годишната потрага пронајден е и убиен во вооружен судар со полицијата која била со намера да го приведе.
Венецуелскиот ресорен министер Густаво Гонзалес Лопез, истакна дека Ел Пикуре бил лидер на озлогласениот нарко картел кој се смета за одговорен на многубројни убиства и често и вооружено се судира со венецуелската полиција.
Венецуела се наоѓа на врвот на листата на земји со најголем степен на насилство и криминал. За време на првите три месеци оваа година во Венецуела убиени се 4.700 лица, а за време на минатата година убиени се 27.875 лица.