Ayşe Sarıoğlu
05 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
БОГОТА (АА) - Поради големата инфлација, владата на Венецуела печати шест нови апоени на домашната парична валута боливар фуерте, а новите банкноти ќе бидат во оптек од 15 декември оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната банка во Венецуела соопшти дека е во процес печатењето на банкнотата во шест нови апоени во опсегот од 5.000 до 20.000 боливари, а досега најголемата банкнота во земјата била 100 боливари.
Галопирачкиот тренд на инфлација веќе се мери со бројки со три нули, а само во изминатите 30 дена вредноста на боливарот падна за 67 отсто.
Според сегашниот курс, еден американски долар вреди дури 4.587 венецуелски боливари.
Највредната нова банкнота од 20.000 боливари е со вредност од 4,3 долари. На банкоматите во Венецуела со месеци можат да се подигнат ограничени и исклучитлено мали количини пари.
Според процените на Меѓународниот монетарен фонд (MMФ), инфлацијата во Венецуела ќе продолжи и наредната година, а до крајот на 2017, инфлацијата ќе се мери со бројки со четири нули.