Abdulselam Durdak
06 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
ФРАНКФУРТ (АА) - АБДУЛСЕЛАМ ДУРДАК - Голем број германски компании активни на меѓународно поле, со цел да извршат реконструкција во компаниите и да ги намалат трошоците, до 2020 година ќе им дадат отказ на десетици илјади вработени.
Германија е европската локомотива и излегува во преден план пред останатите европски земји во производството на квалитетни производи со висока технологија.
Минатиот месец, сезонската стапка на невработеност во Германија продолжува да стои на историски ниско ниво од 6 отсто, но се вели дека е можно нивото на невработеност да се зголеми. Германските компании, кои во последниот период се многу прифатени од меѓународната заедница и се активни на полето на авиотранспортот, технологијата, банкарството, автоиндустријата, енергијата, фармацијата, здравството и во други секори, со цел за извршат реконструкција и да ги намалат трошоците, од работа ќе отпуштат десетици илјади вработени.
Се вели дека и голем број од бегалците идната година ќе бидат дел од пазарот на работна сила во Германија и ќе бидат причина за зголемување на процентот на невработеност во Германија.
- Отпуштања од големи размери ќе се случат во 2017 година -
Според податоците што се пласираа во германсите медиуми и според соопштенијата на компаниите, 15 големи компании во Германија планираат да отпуштат околу 53.300 вработени. Отпуштања од поголеми размери ќе се случат во 2017 година, а пак некои компании предвидуваат отпуштањето да го спроведат во 2020 година.

Вниманието го привлекуваат двете најзначајни германски банки, „Дојче банк“ и „Комерцбанк“, кои најавија отпуштање на голем број вработени. „Комерцбанк“ планира да отпушти 9.600 вработени, а пак „Дојче банк“ планира да отпушти 4.000 вработени.
Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ (VW), кој беше главна тема во јавноста поради скандалот со дизел моделите, е една од компаниите што планираат да отпуштат вработени. Компанијата планира да отпушти 23.000 вработени до 2020 година.
Компанијата „Ман Дизел-Турбо“ ќе отпушти 1.000, производителот за резервни автомобилски делови „Леони“ 70, додека „Шефлер“, фирма за снабдување на автомобилската индистрија ќе отпушти 770 вработени.
- Технолошките и енергетските фирми отпуштаат вработени -
Една од значајните технолошки фирми во Германија, „Сименс“, до 2020 година планира да отпушти 1.700, „Бош“ 760 вработени. Авиокомпанијата „Ер Берлин“ поради структурни измени планира да отпушти 1.200 вработени.
Меѓународната фирма за гас и инженерство „Линде АГ“ до 2018 година планира да го намали боројот на вработени за 4.000 лица.
Германската железничка компанија „Дојче бахн“ (DB) идната година планира да отпушти 3.000 лица од одделот за карго, додека една од значајните енергетски фирми во земјата, „РВЕ“ до 2020 година планира да отпушти 1.600 лица.
Фармацевската компанија „Боехрингер“ планира да отпушти 900 вработени.
Покрај германските компании, и компанијата „Џенерал електрик“, со седиште во САД, планира да отпушти 1.700 лица.