Ahmet Dursun
11 Декември 2016•Ажурирај: 12 Декември 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Иранската авиокомпанија ИранЕр потпиша договор со американскиот произведувач Боинг за купување на вкупно 80 патнички авиони, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција ИРНА јавува дека договорот во Техеран го потпишале генералниот директор на ИранЕр, Ferhad Perveresh и претставниците на компанијата Боинг, а на свеченото потпишување присуствуваше и иранскиот министер за транспорт, Абас Ахунди.
Во согласност со договорот, Боинг во Иран во наредниот период ќе испорача 30 авиони на Боинг 777 и 50 авиони на Боинг 737.
„Сите 80 патнички авиони на компанијата ИранЕР треба да бидат испорачани во наредните десет години”, изјави Первереш.
Паралелно со тоа, директорот на регионалната канцеларија на Боинг, Флечер Баркдул, изјави дека договорот е вреден 16,6 милијарди американски долари.
„Боинг потпиша договор за продажба на 80 авиони на Иран и ние сме исклучително среќни поради враќање на иранскиот пазар”, изјави Баркдул.
По иранската револуција, поради заложничката криза за време на која 52 американски дипломати беа затворени 444 дена во зградата на амбасадата во Техеран, САД во 1979 година ги прекина сите дипломатски односи со Иран. Дополнително се воведени и меѓународни санкции кон Иран поради спорната програма за развој на нуклеарна програма во таа земја.
Договорот за решавање на иранското нуклеарно прашање е договорен во ноември 2013 година, а така започна и процесот на ублажување на санкциите кон Техеран. Договорот е имплементиран во јануари оваа година, а со укинување на енокомските санкции Иран најави обнова на ИранЕр со купување на авиони од американскиот Боинг и францускиот произведувач Ербас.
Иран на почетокот од годината потпиша и договор за купување 118 патнички авиони на , а договорот е вреден 27 милијарди долари.
ИранЕр моментално дава авиоуслуги со авионите и опремата што ја купи пред 1979 година, што претставува поголем ризик во тој вид транспорт во земјата. Во изминатите 37 години во Иран се случија над 200 авионски несреќи во кои животот го загубија повеќе од 2.000 патници.