Dildar Baykan
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Американскиот произведувач на авионите Boeing („боинг“), ги запре тест-летовите на новиот модел „737 MAX“, поради технички дефект на леталото, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што се вели во соопштението на таа компанија, а пренесува „BBC“ (Би-би-си), пробните летови на новиот модел на Boeing се прекинати поради грешка на моторот од произведувачот CFM International (ЦФМ Интернационал).
Компанијата наведува дека приоритет е безбедноста на патниците и на екипажот во сите летала и дека поради тоа се запрени пробните летови.
Boeing исто така наведува дека нема да биде одложена испораката на споменатите летала до купувачите, која е планирана до крајот на тековниот месец.