Tayfun Salcı
11 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Во Лондон започна Конференцијата за Сомалија, во организација на Велика Британија и Обединетите нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Со конференцијата ќе претседаваат претседателот на Сомалија, Мухамед Абдулахи „Фармаџо“, премиерката на Британија, Тереза Меј и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. На оваа конференција учествуваат повеќе од 20 земји и претставници на различни меѓународни организации.
Покрај министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Фредерика Могерини, на конференцијата учествува и премиерот на Турција, Бинали Јилдирим.
Конференцијата во Лондон на којашто ќе биде рагледана безбедносната структура во Сомалија и потребата од преземање економски мерки за развој на оваа земја, има за цел повторно да го насочи вниманието на меѓународната заедница кон Сомалија, во која владее глад поради сушата.
Сомалија е земја која има бруто национален производ од 3 милијарди долари. На коференцијата ќе стане збор и за начините на кои е можно Сомалија да се ослободи од надворешниот долг, кој изнесува 5,3 милијарди долари.
Мисијата на Африканската унија во Сомалија (АМИСОМ), која се грижи за безбедноста во земјата, планира потепено да им ја предаде должноста на националната армија и на федералната полиција. Во тие рамки, на дневен ред на конференцијата се наоѓа и постигнувањето договор во вид на безбедносен пакт, кој на Сомалија треба да ѝ обезбеди долгорочна и одржлива безбедност.
Турција се наоѓа на врвот на земјите што ѝ помогнаа на Сомалија кога во 2011 година од глад починаа околу 250.000 лица. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како премиер на Турција, по посетата на Сомалија во 2011 година, испрати хуманитарна и медицинска помош за населението на таа земја.
Се предвидува дека турскиот премиер Јилдирим за време на конференцијата во Лондон ќе оствари неколку средби, меѓу кои и средба со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј.