Elvir Hociç
11 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
МОСКВА (АА) - Руската армија успешно ја лансираше надзвучната ракета способна да носи нуклеарна глава, а за која неодамна јавно зборуваше и рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Anadolu Agency (AA).
„BBC" пренесе дека руското Министерство за одбрана објавило видео снимка на тестирачко лансирање на надзвучната ракета од борбен руски авион.
Од Министерството е соопштено дека ракетата ја погодила метата и дека тестирањето било потполно успешно.
Првиот човек на Русија во првомартовското обраќање на нацијата зборуваше за новата генерација на руската надзвучна ракета која ја оцени како совршен и непобедлив проектил и ја нарече Кинжал.
Путин порача дека Русија поседува нови оружја какви до сега нема ниту една земја во светот.
Ракетата Кинжал патува десет пати побрзо од брзината на звукот и има досег од две илјади километри.