Adham Kako,Eşref Musa
11 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
АФРИН / ИСТАНБУЛ (АА) - Турските вооружени сили (ТВС) и Слободната војска на Сирија (ФСА), во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, од терористите ослободија селата Ќучук Чакмак, Алемдар и Кафер Батна во Африн, како и планината Бочите која има стратешко значење, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од новинарите на АА на терен, ТВС и ФСА, од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ги ослободиле и селата Ќучук Чакмак и Алемдар во подрачјето на Раку, северозападно од Африн, селото Кафер Батна при центарот на ова подрачје, како и планината Бочите која има стратешко значење
Планината Бочите која се наоѓа југозападно од центарот на Африн, има критичко значење во операцијата врз центарот на ова подрачје.
ТВС и ФСА, во текот а денот, од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ги ослободиле и селата Хоџамали, Саван Кабир и Чанчанли, кои се наоѓаат во подрачјето на Раку, северозападно од Африн, селата Кане Кауер, Телеф и Коџаман во Џиндерес, селата Солакли и Алибеј во подрачјето на Булбул и селата Халидије и Кулбул и Кавкабах при центарот на ова подрачје.
Селата Кара Тепе и Кастел Кечик кои се наоѓаат во подрачјето на Шеран, северозападно од Африн, изутрина беа ослободени од терористите.
Во рамките на операцијата, аеродромот Баблеит кој има стратешко значење на патот Џиндерес-Африн денес беше ослободен од терористите.
Бројот на ослободените точки во текот на денот достигна 18, што е најголем број на ослободени точки во текот на еден ден во рамките на операцијата.
ТВС, поддржани од ФСА, од почетокот на операцијата досега, од окупацијата на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободија 189 точки, од кои 5 центри на подрачја, 151 села, 33 критични точки во Африн.
Одбранбените позиции и линии на ЈПГ/ПКК се наоѓаат во центарот на областа Африн. Терористичката организација, со цел цивилите да ги користи како човечки штит, со присила, го пренасочуваат населението кон центарот на градот и не му дозволуваат на арапското и курдско население да замине од центарот во подрачјата кои се под контрола на режимот на Башар ал-Асад или подрачјата контролирани од воената опозиција. Притворањето на цивилите предизвикува големи реакции од страна на Обединетите нации (ОН).