Burak Karacaoğlu,Levent Tok,Eşref Musa
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - Вооружените сили на Република Турција, извршија артилериски напади врз позициите на терористичката организација ПЈД/ПКК, во северниот сириски град Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
До нападот дојде во периодот на обраќање на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Елазиг. Тој во таа пригода изјави:
„Со операцијата во Идлиб го уништуваме западното крило на терористичкиот коридот. Доколку терористите во Африн не сакаат да се предадат, се таму ќе им срушиме на глава, нека се знае“.
Според информациите до кои дојде новинар на АА, турските артирелиски единици од позициите во Рејханли и зоните без судир во Идлиб, истрелани се најмалку 36 топовски гранати врз позициите на ПЈД/ПКК на подрачјето на Африн.