Cem Genco
13 Јануари 2018•Ажурирај: 14 Јануари 2018
ХАТАЈ (АА) - ЏЕМ ГЕНЧО -
Приказната за двомесечниот Карим, кој во артирелискиот напад во Источна Гута го загуби левото око, за жал е само една во низа тажните приказни на сириските малечки на кои војната им го претвори детството во пекол, пишува Anadolu Agency (AA).
Хасан ал-Хусеин, од сирискиот град Хама, има седум години. Во нападите со барел-бомби на овој град, Хасан се здоби со изгореници на лицето и целото тело. Со оглед на тоа дека во Хама нема адекватна медицинска помош, неговото семејство премина во турското градче Рејханли, на границата со Сирија.
Таткото Халид ал Хусеин во разговор за АА истакнува дека се надева оти неговиот син ќе биде успешно опериран, и дека еден ден ќе го добие својот стар изглед.
Тој раскажува дека нивната населба била бомбардирана со барел-бомби, и дека во таа прилика загинале и биле ранети голем број на негови соседи и роднини.
„За жал, меѓу нив беше и мојот син. Нападот е извршен додека тој се играше надвор со останатите деца. Не успеав да го препознаам мојот син откако го најдов“, раскажа таткото.
Додава дека синот го носел во повеќе установи во Хама, но никој не можел да му помогне.
„Пред девет месеци дојдовме во Рејханли. Тука се сместивме кај нашите роднини. Но она што во моментот најмногу го сакаме е нашиот син да оздрави. Потребна ни е помош“, вели таткото.
Тој додаде дека Хасан и денес имал силни болки.
„Најголем проблем е кога ќе легне. Сеуште има изгореници по целото тело. Не му одговара ниту ниска ниту висока температура. Го молиме Бога неговото страдање да престане“, порача таткото Халид.