Erdal Türkoğlu
26 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) - Бројот на евакуираните ранети цивили од источниот дел на Алепо, кои се пренесени во турскиот град Хатај, се зголеми на 246, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу повредените што се пренесени во Хатај има 98 деца.
Истовремено, 91 повреден се пренесени во болници надвор од Хатај, а 33 лица беа отпуштени од болница.
И покрај сите напори за да им се помогне, 34 повредени лица починаа.
Од друга страна, продолжува испораката на хуманитарна помош за цивилите евакуирани од источниот дел на Алепо. Досега се испратени 1.010 камиони, од кои 575 камиони се од турската Црвена полумесечина и 435 камиони од хуманитарната организација ИХХ.