Satuk Buğra Kutlugün
26 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турската полиција денес приведе висок функционер на Народната демократска партија (ХДП) во Анкара, соопштија полициски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Полицискиот тим за антитероризам ја приведе Ајсел Туглук, како дел од истрагата спроведена од страна на канцеларијата на главниот јавен обвинител на Дијарбакир“, рече гореспоменатиот извор, којшто зборуваше под услов на анонимност.
По медицинскиот преглед, Туглук ќе биде испратена во југоисточната област Дијарбакир.
Минатиот месец беа приведени 13 пратеници на ХДП. Десетмина од нив, вклучувајќи ги ко-претседателите на партијата ХДП, Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекдаг, остануваат во притвор во очекување на судењето за обвиненијата поврзани со тероризам.
Според законодавството за антитероризам пратениците можат да се соочат со обвиненија, откако беше укинат нивниот пратенички имунитет на почетокот од оваа година.
Турската влада ја товари ХДП за поврзаност со ПКК, која е прогласена за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ.