Ekipa
05 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
ХАТАЈ (АА) - Специјалните полициски и жандармериски сили во јужниот дел на Турција го пронајдоа сирискиот пилот кој го преживеа синоќешното соборување на воениот авион кој падна во турската погранична покраина Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириските опозициски сили соопштија дека доцна синоќа собориле авион на сириската војска, а остатокот од авионот е пронајден во околината на турското село Јајлаџик во близина на градот Антакија, на оддалеченост од 35 километри од турско-сириската граница.
Пилотот на авионот со падобран скокнал од авионот и е пронајден рано утринава по девет часа потрага.
Станува збор за сириски државјанин, засега со непознат идентитет, кој бил исцрпен. Турската полиција го префрли во државната болница во Хатај.
Во тек е истрагата за случајот, а Ахмед Карали, портпаролот на сириската опозициска група Ахрар ал-Шам, претходно за АА изјави дека сириската опозиција соборила авион на сирискиот режим кој изведувал воздушни напади во Идлиб.