İsmihan Özgüven
23 Април 2016•Ажурирај: 24 Април 2016
ХАТАЈ (AA) - Во ископување во градот Антакја, на југот на Турција, откриен е мозаик на кој е напишано на старогрчки јазик "Биди весел, живеј го животот", јавува Anadolu Agency (AA).
Ископувањата започнаа 2012 година во рамките на проектот за изработка на жичара, а птоа се откриени и различни остатоци од културното богаство.
Архелогот на Музејот на архелоголија во Хатај Демет Кара рече дека ископувањата моментално се вршат на просторот за кој се верува дека е дел од античкиот град Антиочеиа, а на кој можат да се видат трагите од римскиот и грчкиот период.
Таа истакна дека овој град беше еден од најголемите средишта во време на римското владеење.
" Антиочеиа беше многу богат и важен град. Постојат училишта од тој период и места каде се коваа пари. Мозаиците од Антиочеиа беа многу важни", рече Кара и додаде дека постојат улици поплочени во времето на римското владеење и дека токму во тој период и културното наследство ги заинтригирало многубројните истакнати археолози и научници.
На мозаикот со инспиративна порака може да се види скелетон, а се претпоставува дека потекнува од третиот век пред новата ера и дека бил поставен во просторијата на трпезаријата на една куќа.
"На мозаикот постојат три дела. На црниот дел е мозаикот од стакло. Во време на римското владеење елитата имаше две важни работи. Едната беше бањата, а втората вечера. На првиот дел е прикажан црнец кој со лопата го одржува огинот. Тоа ја претставува бањата. Во средниот дел е нацртан часовник и момче коне трча кон него" ,рече Кара и се присети дека се одредени саати биле предвидени за поминување на време во бањата и за јадење.
Таа додаде дека другит дел од мозаикот и момчето кое трча го претставуваат неговиот напорд да стаса на време.
"На последниот дел е прикажан скелетон кој ужива. Во раката има чаша, а покрај него се наоѓа леб и вино. Тука на старогрчки е напишано 'Биди весел, живеј го животот'", појасни Кара и додаде дека слични мозаици постојат во Италија.