Zehra Aydın
23 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
АНКАРА (АА) -Долината на пеперутки, во Бејазпазар во Анкара, официјално беше назначена како 205-ти природен парк во Турција, од страна на Министерството за стопанисување со води и шуми, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот директорат за заштита на природата и Националните паркови (ЗПНП), долината на пеперутки во Анкара со овој чин ја додаде во синџирот на заштитени предели, се вели во соопштението на Министерството. Долината на пеперутки, ситуирана на 5 км од местото Бејазпазари во близина на Анкара, покрај мноштвото од видови на пеперутки, изобилува и со разни ретки видови на птици, како што е на пример црниот штрк.
Со распространетост на површина од илјада и 770 декари, Долината на пеперутки, ќе претстававува научен пример, одомаќинувајќи се во светот на мошне значајни области во екосистемот. Географската местоположба и природните услови во природниот парк, овожможуваат и опстојување на еден од четирите видови на мршојади (истребувачи во природата), кои се сретнуваат во Европа.
Министерот за стопанисување со води и шуми, Вејсел Ероглу, во својата изјава ја истакна важноста и потенцијалот што овој парк на природата го нуди за сите, истакнувајќи ја заинтерисираноста за фототографски активности, научни екскурзии во природа, набљудување на видови на птици итн.
-Извршена е подготовка на мастер плановите за еколошки туризам во 81 подрачје
Министерот Ероглу, зборувајќи во врска со ова, истакна дека изработиле нацрт мастер планови и ги обележале туристички привлечните предели во вкупно 81 градови кои ќе бидат претставени пред очите на туристичката јавност.
“Луѓето сакаат да бидат во хармонија со природата и да одмораат во еколошки чиста и здрава средина. Кога ќе се спомене туризам во Турција, веднаш се помислува на море и сонце. Милионски инвестиции се прават долж морските крајбрежја. Но ние сакаме да го поттикнеме и развиеме и еколошкиот туризам, преку заштита и сочувување на природната средина и преку истакнување на органски недопрената убавина пред очите на туристите. Неуморно работиме кон остварување на таа намера. Со таа цела изработивме нацрт мастер планови и ги обележавме туристичко привлечните предели во вкупно 81 градови. Овие предели ќе ги претставиме пред очите на туристичката јавност” , изјави министерот Ерголу.