Halil İbrahim Başer
05 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција започнува кампања за помош на сиромашните во источна Африка и во Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на социјалната мрежа Твитер напиша дека е покрената кампања под називот „Стани надеж на хуманоста”.
Како што наведе тој, во земјите како Сомалија, Етиопија, Кенија, Јужен Судан и Јемен постои опасност од хуманитарна криза.
Турскиот претседател изјави дека никогаш нема да остане рамнодушен на повиците за помош во овие земји каде што опасноста од глад, предизвикана од суша, достигна сериозни размери.