Serdar Açıl
02 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
АНКАРА (АА) - Пилотот потполковник, Хасан Хусну Б., за кого постојат тврдења дека во ноќта на обидот за пуч во Турција ја бомбардирал зградата на Парламентот во Анкара е уапсен во рамките на истрагата на обвинителството во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Анкара одреди притвор за уште 91 воено лице во рамките на истрагата на Обвинителството во врска со обидот за државен удар во Турција, кој го изврши терористичката организација ФЕТО ПДЈ.
Во рамките на истрагата приведени се 138 војници, од кои 133 по сослушувањето во обвинителството се проследени на суд, додека петмина војници се пуштени на слобода.
Со одлуката на судот, одреден е притвор за вкупно 91 лице, а меѓу уапсените се наоѓа и пилотот потполковник Хасан Хусну Б., од 4. Воздухопловна база Акинчи. За Хасан Хусну Б. се тврди дека во ноќта на обидот за пуч ја бомбардирал зградата на турскиот Парламент во Анкара.