Ekipa
01 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
АНКАРА (АА) – Турскиот премиер Бинали Јилдирим имаше средба со лидерот на Републиканската народна партија (ЏХП), Кемал Киличдароглу, во седиштето на партијата, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата, која траеше речиси 1 час и 10 минути, двајцата лидери заедно дадоа изјава за медиумите пред зградата на ЏХП .
Јилдирим рече дека го информирал Киличдароглу во врска со „решенијата во рамките на законот“, кои биле донесени токму од моментот на започнувањето на вонредната состојба.
Киличдароглу своето мислење во врска со темата го споделил со Јилдирим.
„Со нас ги сподели своите мисли, чувствителност и грижи во врска со темава. Или ние или почитуваниот Киличдароглу темата ќе ја земеме предвид од аспект на досега донесените примени или од аспект на примените што ќе следуваат. Нашите средби ќе продолжат во рамките на тоа“, рече Јилдирим.
„Најважно е да бидат отстранети условите што беа предизвикувачи на вонредната состојба и да се обезбеди обидите за пуч веќе да не бидат блиски закани“, рече Јилдирим и додаде:
„Мило ми е што сегашната заедничката волја во врска со темава е поголема од таа во изминатите денови“.
- Работење на новиот Устав -
На прашањето на новинарите: „Дали новиот уставен пакет дојде на дневен ред?“ Јилдирим одговори: „Претходно, на покана од претседателот, ние како партиски лидери имавме средба. Тогаш темава беше на дневен ред. На два начина. Прво, да се создаде сеопфатен нов Устав. Се појави едно единство од принципи и погледи во врска со тоа дека овие средби треба да продолжат заедно со другите политички партии. И поради другите потреби, беше постигната согласност тоа да биде прифатливо и за другите партии и да содржи помалку членови“.