Ekipa
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Државното обвинителство во Анкара го подготви и го предаде на суд обвинението против 171 осомничено лице, меѓу кои и водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, за случајот објавување приватни снимки на интернет, на поранешниот лидер на Републиканската народна партија (ЏХП), Дениз Бајкал, и челникот на Партијата за национално движење (МХП), јавува Anadolu Agency (AA).
Осомничените во обвинението се товарат за осум кривични дела, меѓу кои „формирање и управување со вооружена терористичка организација“ и „нарушување на приватноста“.
Обвинението беше подготвено од Канцеларијатата за истрага на злосторства против уставниот поредок, и проследено е до 14. Казнен суд во главниот град Анкара.
Во него се наведува дека приватните снимки на Дениз Бајкал, тогашен лидер на ЏХП, се објавени во 2010 година, а истрагата во врска со овој случај е отворена веднаш, но до 2016 година немаше никакви докази.
Нагласено е, исто така, дека за време на првата истрага не бил ставен фокусот на докази како откривање на адресите на лицата што ги направиле снимките, откривање на регистерските ознаки, собирање снимки од безбедносните камери, телефонските разговори, туку истрагата е водена сосема во спротивен тек, со што е префрлена во обвинителството, така што е оневозможено да се користи од веќе постоечките докази.
Со оглед на многуте сличности кога е во прашање објавувањето на приватните снимки на челниците на двете турски опозициски партии, и сомнежот дека тоа е сторено по директива на истата организација, донесена е одлука оваа истрага да се спои.
Во обвинението, исто така, се наведува дека со овие случаи се поврзува терористичката организација ФЕТО, која долго време ги инфилтрираше своите луѓе во полициските и во разузнавачките структури, а подоцна ги искористи како главно средство за дејствување.
Во тој контекст, наведено е дека ФЕТО, која имаше за цел да го презеде водството над сите државни органи, ги користела своите луѓе во безбедносните структури на Република Турија и за уцени на политичките лидери преку објавување приватни снимки, за да воспостават контрола над политичкиот живот.
Меѓу 171 осомничен кои се опфатени со обвинението, 151 се припадници на ФЕТО, а 164 осомничени беа вработени во полициските и во разузнавачките служби.
Меѓу 164 вработени во безбедносните служби, за 145 од нив е утврдено дека се поврзани со ФЕТО, а 118 го користеле „ByLock“ (БајЛок), системот за шифрирана комуникација кој го користеа членовите на терористичката организација ФЕТО.
Меѓу 151 припадник на ФЕТО, 46 се во притвор, додека за 44 е распишана потерница. Меѓу осомничените во обвинението се наоѓа и Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО.