28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
АНКАРА (АА) – Иако од турската опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) во изборната ноќ ја повикаа јавноста да не верува во прелиминарните резултати од изборите кои ги објавува Anadolu Agency (AA) на крајот се испостави дека податоците со кои располагаше оваа политичка партија се исти како и податоците кои ги објавуваа АА и Врховната изборна комисија на Република Турција.
Пратеникот на ЏХП Ердал Аксунгер потсети дека гласноговорникот на ЏХП Булент Тезџан во изборната ноќ даде изјава во која рече дека „изборите одат во втор круг."
Сепак, додаде дека потоа никој од ЏХП не и објаснил на јавноста зошто не дошло до втор круг.

„Каде е претседателот на партијата? Излезете и дајте изјава. Луѓето имаа доверба во ЏХП. Рековме верувајте во нас. Така требаше и да биде. Сепак, подоцна е изгубена контрола. Не следуваа ниту изјави, немавме ниту изјава на господинот Мухарем Инџе”, рече Аксунгер за Дојче Веле.
Додаде дека некој од партијата ЏХП требало на јавноста да и објасни повеќе за целата ситуација во врска со резултатите од изборите, напоменувајќи дека можеби требало дури и да признае дека некој можеби и згрешил.
- Извинување на Платформата за праведни избори
Платформата за праведни избори, која се состоеше од неколку невладини организации и сојузи во кои се наоѓаше и ЏХП, упати извинување до јавноста, напоменувајќи дека не ги исполниле очекувањата на гласачите.
Наведоа дека со системот со кој би објавувале прелиминарни резултати од изборите имале проблем поради што не можеле да објавуваат резултати.
Претседателот на Е-Партија Емрехан Халиџи истакна дека не е примерно опозицијата по изборите поради своите слабости речиси секој пат да ја критикува Врховната изборна комисија на Република Турција (YSK).
- Казанџи: АА резултатите од изборите ги пренесе брзо и точно
Генералниот директор на Anadolu Agency (AA) Шенол Казанџи изјави дека Агенцијата резултатите на претседателските и парламентарните избори одржани во недела во Турција на жителите и претплатниците во таа зема и во светот им ги пренесе брзо и точно.
Казанџи се осврна на начинот на кој AA известуваше за 27. претседателски и парламентарни избори одржани во Турција. Додаде дека АА ги презеде сите потребни чекори за да на сите медиуми доверливо им ги пренесе резултатите од изборите.
Водејќи сметка за потребите на корисниците, АА ги прилагоди своите содржини за сите видови на медиуми, вклучувајќи ги телевизиските куќи, интернет портали и печатени медиуми.
„Нашата национална агенција која делува на меѓународната сцена, резултатите од 27. претседателски и парламентарни избори, во Турција и во светот им ги пренесе брзо и точно", рече Казанџи и додаде дека Агенцијата успешно ја извршија задачата на информирање на јавноста.