Kemal Karadağ
27 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Аnadolu Аgency (AA), Шенол Казанџи, истакна дека Агенцијата успешно ја извршила својата задача за информирање на јавноста, и рече: „Нашата национална агенција, која врши активности на меѓународна сцена, брзо и точно ја информираше Турција и светот за резултатите од претседателските и 27. парламентарни избори.“
Казанџи даде изјава околу пренесувањето на резултатите на претседателските и 27. парламентарни избори во Турција од страна на АА.
Истакнувајќи дека откако била донесена одлука за одржување избори, АА ги реализирала потребните работи за пренесување на резултатите до сите медиуми, Казанџи рече дека на локалните медиуми Агенцијата им дала поддршка на локалните телевизии, подготвувајќи изборен екран, и дека на медиумите им ги доставила биографиите и фотографиите на сите пратеници.
- „Информациите моментално им беа пренесени на светската јавност“
Новинарите кои работат во сите градови и подрачја низ земјата, од моментот на поставување на гласачките кутии, па сè до доцните часови, на претплатниците на АА им ја пренеле изборната атмосфера заедно со разновидни снимки.
„Нашата национална агенција која врши активности на меѓународна сцена, брзо и точно ја информираше Турција и светот за резултатите од претседателските и 27. парламентарни избори“, додаде тој.
Казанџи рече дека, освен на турски јазик, светската јавност ја информирале на 12 јазици со брзо доставување податоци околу изборите во Турција.
„Успешно ја извршивме нашата задача за информирање на јавноста“, нагласи тој, додавајќи дека на денот на изборите, на 24 јуни, ги следеле и ги покривале со вести сите изборни настани.
„Успешно го заштитивме нашиот систем против сајбер-нападите кои беа извршени пред да започне изборното емитување, и го заштитивме правото на јавноста за добивање информации“, вели Казанџи.
Казанџи упати благодарност до вработените во АА поради успешното емитување околу изборните резултати.