Ekipa
06 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
БРАТИСЛАВА (АА) - Словачката левичарска партија Смер освои најмногу гласови на парламентарните избори, но не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство во парламентот, покажаа официјалните резултати врз основа на 98 отсто од избројаните гласови, јавува Аnadolu Agency (AA).
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, воедно и лидер на Социјалдемократската партија Смер, освои 28,4 отсто од гласовите, односно 49 пратенички места во 150-члениот парламент, што е значително повеќе од останатите, но помалку од 35 отсто гласови колку што предвидуваа јавните анкети дека ќе освои.
Тоа претставува значителен пад на поддршката од изборите во 2012 година, кога Смер освои 44,4 отсто и беше во можност самостојно да формира влада.
Врз основа на досегашните објавени резултати, најмалку осум партии ќе имаат место во парламентот, вклучувајќи ја и неонацистичката Народна партија - Наша Словачка.
Фицо, познат по своите ставови против бегалците и мигрантите, истакна дека никогаш нема да ги прифати квотите на ЕУ за распоредување на бегалците кои во голем број пристигнаа во Грција и Италија од воените подрачја на Блискиот Исток.