Ekipa
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Лидерот на турската опозициска Партија на национално движење (MHP) Девлет Бахчели, најави поддршка на актуелниот претседател на Турција и претседател на владејачката Партија за правда и развој (АK Parti) Реџеп Таип Ердоган, на претстојните претседателски избори планирани за 2019 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Партијата на национално движење нема да кандидира никој за претседателските избори. Претседателот на партијата нема да биде кандидат за претседател“, изјави Бахчели на дружењето со претставниците на медиумите во Анкара.
Тој изјави дека неговата партија не направила никаков предизборен, ниту постизборен сојуз со која било друга партија.