Enes Kaplan
28 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
АНКАРА (АA) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ги критикуваше САД поради продолжувањето со индолентниот однос кон Фетула Ѓулен и кон неговата терористичка мрежа ФЕТО, и порача дека никој не може да ја подели, ниту да управува со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше на свеченоста во главниот турски град Анкара, организирана по повод доделувањето на дипломите во турската Полициска академија. Во таа пригода се осврна на борбата против терористичката организација ФЕТО, на чело со Фетула Ѓулен.
„Човекот има завршено само основно училиште, нема ништо, а се закачиле за него и го следат. Еве, и сега многумина избегаа и живеат во неговиoт дворец во Пенсилванија. Америка им даде земјиште од 400 дунуми (400.000 квадратни метри) и тие велат 'од тука ќе управуваме со настаните во 160 земји'. Но Америка не го крева својот глас. И покрај многуте состаноци и тоа што им доставивме доказен материјал во 85 куфери, Америка продолжува да молчи. Тоа значи дека некој сака да управува со нас и да нѐ подели. Меѓутоа, оваа нација и оваа земја не ќе можат да ги поделат, ниту да управуваат со нив“, порача Ердоган.
Тој се осврна и на ситуацијата во Ирак, и истакна дека Турција нема да дозволи обидот за заговор во Ирак да се прелее и преку нејзините граници.
„Исто како што не дозволивме огнот запален во Сирија да премине во Турција, со Божја помош ќе го запреме и обидот за заговор кој сега е на сцената во Ирак. Сите нека знаат дека новите Лоренси овој пат нема да успеат“, рече Ердоган.
Турскиот претседател нагласи дека турската Полициска академија е една од институциите во која ФЕТО инфилтрираше негови припаднци, со цел оваа институција да ја користи за сопствените потреби.
„ФЕТО, кој стекна моќ на начини спротивни на правото, правдата и на моралот, вклучувајќи и местење на испитите за прием во службата, на крајот го нападна и народот на оваа земја. По процесот од 17 до 25 декември, а осоебно по обидот за пуч на 15 јули, започнавме борба со којашто ја чистиме оваа предавничка мрежа од државните институции, а таа (борба) ќе биде и продолжена“, порача турскиот претседател Ердоган.