Alp Özden
02 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Клубот на пратеници на Партијата за национално движење (MHP) во турскиот Парламент донесе одлука партијата да го поддржи турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, како кандидат на претстојните претседателски избори на 24 јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Клубот на пратеници на Партијата за национално движење (MHP), денеска одржа состанок во турскиот Парламент, предводен од претседателот на Клубот на пратеници на партијата Еркан Акчај.
За време на состанокот беше донесена одлука МХП да му даде поддршка на Ердоган.
Се очекува дека Партијата за национално движење (MHP) во петок, на 4 мај, своето барање за кандидатура ќе го проследи до Врховниот изборен совет на Република Турција (YSK).
Владејачката Партија за правда и развој (АK Parti), чиј претседател е Ердоган, и МХП претходно се договорија за заеднички настап на претседателските и парламентарните избори, под називот „Народна алијанса“.