Tuğba Yardımcı
25 Август 2016•Ажурирај: 26 Август 2016
АРТВИН (АА) - Вооружена претстрелка во близина на градот Шавшат во покраината Артвин, во моментот кога патот минувал конвој во кој се наоѓал лидерот на турската Републиканска народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на агендата за посета на Артвин, Киличдароглу пристигнал во Шавшат, и по средбата со граѓаните, го напуштил градот.
Додека конвојот од возила се движел по патот, врз безбедносните сили бил отворен оган. Настанала вооружена престрелка кога безбедносните сили возвратиле на огнот.
Киличдароглу, потоа со својата придружба, под големи безбедносни мерки се вратил назад кон градот Шавшат.
Беше информирано дека за време на престрелката, возилото на Киличдароглу не претрпело никаква штета и дека здравствената состојба на Киличдароглу и неговата придружба е добра.
Лидерот на Републиканската народна партија на Турција (CHP), Кемал Киличдароглу, во врска со престрелката изјави: „Од мој аспект, никој не треба да биде загрижен, јас сум во добра состојба. Со пријателите го напуштивме местото на престрелката. Во моментов, безбедносните сили нè доведоа во зградата на Управата за патишта.“