Ekipa
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Четворица цивили загинаа, и четворица се ранети кога припадници на иранската шиитска милиција отворија оган врз конвојот со цивили што чекаа да бидат евакуирани од Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до коишто дојде новинарот на АА, огнот врз цивилите во конвојот го отворил снајперист.
Конвојот со цивили од окупираните подрачја се движел кон местото Рамусе, но запрел во моментот кога почнал да се приближува кон контролната точка на режимските сили.
Претседателот на Цивилната заштита на Алепо, Неџиб Енсари, претходно изјави дека во нападот се ранети тројца цивили.
Со посредство на Турција, во вторникот вечерта е постигнат договор за прекин на огнот и евакуација на цивилите од источниот дел на Алепо кон Идлиб. Силите на сирискиот режим и неговите сојузници ги продолжија нападите и не дозволија евакуација, со што го прекршија договорот.