Ekip
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АЛЕПО (AA) – Паралелно со заложбите на Турција и Русија да се имплементира договореното примирје во Алепо, илјадници припадници на шиитските милитантни групи под команда на генералот Сајит Џеват од Иран покренаа копнени напади со цел заземање на источниот дел на Алепо во кој под се наоѓаат под опсада десетици илјади цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА од теренот јавува дека се во текот жестоки непади на припадниците на шиитските милитантни групи на квартовите на истокот на Алепо кои се под потполна опсада на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Станува збор за квартовите кои се на истокот на Алепо се простираат на само шест киломентри квадртни во кои цивилите чекаат на евакуација која е договорена со синоќешниот договор за прекин на огнот. Договорот е постигнат со посредство на Турција, а страната на сирискиот режим ја претставуваше Русија.
Договорот го кршат шиитските милитантни групи Хезболах, Фатимијун бригадата од Авганистан и Нуџеба движењето од Ирак. На чело на тие шиитски милитантни групи е генералот Џеват од Иран.
Во нападите на шиитските милитантни групи користат жестоко артилериско дејство со тенкови, хаубици, минофрлачи и друго тешко оружје.
Внимание на јавноста привлекува тоа што иранскиот генерал Џеват наредил почеток на копнена офанзива токму во период на интензивните настојувања на турските и руските функционери да се воспостави прекин на судирите и да се евакуираат цивилите од тој дел на Алепо.