Fuat Kabakçı
25 Август 2016•Ажурирај: 25 Август 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Британија, Борис Џонсон, на својот турски колега, министерот Мевлут Чавушоглу му честиташе и му ја изрази својата благодарност за успешното извршување на операцијата „Штитот на Еуфрат“, насочена против ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од дипломатски извори се дознава дека синоќа турскиот министер за надворешни работи, Чавушоглу, имал телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Шпанија, Хосе Мануел Гарсија Маргаљо и министерот за надворешни работи на Британија, Борис Џонсон.
Министерот Чавушоглу во разговорот со својот британски колега го информирал во врска со операцијата „Штитот на Еуфрат“. Џонсон упатил честитки и благодарност за успешно извршената операција. Истовремено, го осудил терористичкиот напад кој беше извршен на 20 август во Газиантеп и на семејствата на загинатите им изразил сочуство.
На средбата Џонсон ја истакнал важноста од заедничката соработка во борбата против тероризмот, и во тие рамки ја истакнал потребата од зацврстување на соработката.
Турскиот министер Чавушоглу во разговорот со својот шпански колега Маргаљо размениле мислења околу развојот на настаните во Турција по обидот за државен удар на 15 јули. Во разговорот станало збор за билатерални и регионали теми, како и за разгледување датум за претстојни средби меѓу двете земји.