Ekip
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АЛЕПО (АА) – Конвојот од 20 автобуси, кои транспортираат ранети лица од источен Алепо, со цел да го помине регионот кој е под опсада, се упати кон контролниот пункт на режимот, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот обид за безбеден транспорт на жителите на Алепо од регионот кој е под опсада на режимот, беше попречен од страна на шиитската милиција, бидејќи отвори оган кон конвојот.
Според информациите на АА, конвојот се состои од 20 автобуси, кои носат 200 ранети лица, од кои над 50 се тешко ранети.
Автобусите пред малку со цел да излезат преку областа Рамусе се упатија кон контролниот пункт на режимот.
Доколку помине конвојот преку контролниот пункт на режимот, ранетите ќе бидат префрлени во зелените автобуси, кои чекаат во регионот на режимот. Доколку успее конвојот да излезе од источен Алепо, го очекува пат од 4 километри, којшто е под контрола на режимот. Потоа се очекува да влезе во западниот рурален дел на Алепо, каде се наоѓаат опозициските сили.
Се планира конвојот да стигне до Идлиб, кој е под контрола на опозициските сили. Градчето Идлиб се протега спроти турскиот град Хатај.
Инаку, Меѓународниот црвен крст и Сириската полумесечина го придружуваат конвојот.
Шиитската милиција под командантсво на Иран го нападна конвојот околу 11ч. додека тој чекаше на контролниот пункт на режимот, со цел да излезе од регионот, при што 4 цивили го загубија својот живот. По овој случај, конвојот се врати назад.
Силите под водство на Иран вчера започнаа широк напад врз опозициските сили, кога турските и руските власти се обидоа да спроведат прекин на огнот. Со вклучувањето на Русија, нападите значително се намалија, но малтретирањата од страна на иранските сили продолжија до утрото.
Во нападите на истокот на Алепо учествуваат околу 7 илјади припадници на милицијата и тоа, од Хезболах, од авганистанската бригада – Фатимијун,од ирачката бригада – движењето Нуџеба и од бригадата – Бекир, а нивен командант е иранскиот генерал Сејид Џевад.