Ayşe Hümeyra Atılgan
06 Октомври 2016•Ажурирај: 06 Октомври 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелската армија во соопштение потврди дека еден израелски пилот загинал вчера при обид да слета на воздухопловната воена база, по завршувањето на воздушен напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионот Ф-16 се запалил за време на слетувањето на воздухопловната воена база „Рамон“, во јужниот дел на Израел, Негев, откако го бомбардирал блокираниот Појас Газа.
Пилотот O. Коен Нов загинал, а неговиот помошник се здобил со полесни повреди, се вели во соопштението. Израелските воени сили вршат истрага за инцидентот.
Вчера, откако добиле информации дека ракета испукана од крајбрежната опколена енклава експлодирала во израелскиот јужен град Сдерот, израелските воени авиони бомбардираа неколку позиции во Газа.