Cem Genco
23 Август 2017•Ажурирај: 24 Август 2017
ХАТАЈ (АА) – ЏЕМ ГЕНЏО – Режисери, фудбалери, сликари, фотографи, новинари, лекари, бизнесмени и наставници од различни земји во светот кои дојдоа во областа Рејханли која се наоѓа во турскиот град Хатај, се сретнаа со сириските деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Дваесет и осум лица од различни професии од Шпанија, Мароко, САД, Велика Британија, Египет, Либан, Јордан, Алжир, Кувајт, Катар и Палестина во рамките на проектот „Да им се придружиме на нив“ на Меѓународното здружение за хуманост и развој, ги посетија сириските семејтва кои живеат во населбата Алакузу.
Здравствените работници во групата, кои ги посетија куќите, направија здравствени прегледи за сириските деца. Оваа група на луѓе кои се дел од спомнатиот проект, со цртање, боење на ѕидови, фудбалски натпревр и традиционални игри дадоа морална поддршка за децата, меѓу кои и сираци.
Потпретседателот н здружението, Неџип Фазил Аксој, за АА истакна дека се обидуваат бидат со сиријските семјества и нивните деца.
Аксој нагласи дека со тоа што собрале луѓе од различни земји во светот, сакале да укажат на проблемите на сиријските семејства.
„Реализиравме четири дневни активности за сириските деца во Рејханли. Заедно со нас се наѓаат режсери, фудбалери, фтографи, новинари, лекари, бизнисмени и наставници од различни земји во светот“, рече Аксој.
Исто така, Аксој пренесе дека во наредните денови ќе организираат различни и поопсежни активности.
Од друга страна, катарскиот репрезентативец, фудбалерот Адел Лами вели дека исто како децата со кого играл фудбал, и тој уживал во активностите. Лами нагласи дека треба повеќе да се присетат на сириските деца.
„Јас сум тука за тие да имаат насмевка во лицето. Војната во Сирија намногу ги погоди децата. Тука дојдов да дадам морална поддршка за децата, како и да ги видам проблемите во лице место“, рече катарскиот фудбалер Лами.
Лекарот од Мароко, Ајман Бубух, истакна дека сириските деца поминале од мошне тешки денови.